Гренланд, каде што се наоѓа голема американска база, е автономна територија на Данска, долгогодишен американски сојузник и една од земјите што го основаа НАТО. Трамп посочи дека ќе воведе царини за Данска доколку таа ја одбие неговата понуда за купување на Гренланд
Германија и Франција го предупредија Доналд Трамп да не се заканува со Гренланд, откако новоизбраниот американски претседател изјави дека не ја исклучува можноста САД да користат воена сила за да ја преземат контролата врз Панамскиот канал и Гренланд.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја, без разлика дали е многу мала или многу моќна“, пренесува Би-би-си.

Според него, има „одредено недоразбирање“ во врска со изјавите на претстојната американска администрација.
Сепак, во својата изјава не го спомена Трапм по име, ниту, пак, цитираше некој од неговите коментари на темата.
Повтори дека „НАТО е најважниот инструмент за нашата одбрана и централното место во трансатлантските односи“.
Трамп постојано изразува интерес за купување на Гренланд. Тој првпат ја изнесе идејата во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат.
Гренланд е автономна територија на Данска, долгогодишен сојузник на Америка, членка на НАТО и на Европската унија.
