Според германскиот канцелар, инвазијата врз Украина е во застој, и покрај сето уништување што го носи со секој нов ден
Инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина е во застој и покрај секојдневните напади извршени од неговите војници, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува МИА.
„Киев може да смета на нашата помош“,
додаде тој.
Офанзивата на Путин, вели Шолц, е заглавена, и покрај сето уништување што го носи со секој нов ден.
Според него, рускиот лидер мора да ја слушне вистината дека војната не само што ја уништува Украина, но исто така и иднината на Русија.
