Шолет во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шолет наместо в среда како што беше најавено од Стејт депратментот, Северна Македонија ќе ја посети по Нова година, потврдуваат од Амбасадата на САД во Скопје.
Од Амбасадата велат дека добиле известување оти американскиот тим кој денеска е во Косово, ја одложува посетата на Скопје по Нова година, а нема објаснување кои се причините за одложувањето.
Заедно со Шолет во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера е во Косово.
Според првичната најава од Стејт департментот, Шолет во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Освен земјава, во програмата на Шолет од 11 до 17 декември, беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.
„Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“,
информираа од Стејт департментот.