Поранешната премиерка на Шкотска, Никола Старџен, е уапсена во полициската истрага за финансиите и работењето на нејзината партија – Шкотската национална партија. Таа даде оставка од местото премер и лидер на партијата на почетокот на април годинава.
Стaрџeн е третата личност која е упасена во рамките на операцијата на шкотската полиција под името „Бранчформ“. Според истрагата, таа се поврзува со сомнежи дека нејзината партија на незаконски начин потрошила повеќе од 600 000 фунти кои биле донација за кампањата за независност.
Портпаролот на шкотската полиција за „Дејли мејл“ ја потврди информацијата.
„Денеска е уапсена 52-годишна жена, која е осомничена во истрага која е во тек за финансирањето на Шкотската национална партија. Жената е во притвор и е испрашувана од страна на детективи на полицијата“,
изјави портпаролот.
Нејзиниот сопруг Питер Мурел, кој е поранешен извршен директор на партијата, беше уапсен на почетокот на април во нивната куќа во близина на Глазгов и беше испрашуван речиси 12 часа, по што беше ослободен без да се покрене обвинение за него. Тогаш полицијата правеше претреси во неговите куќа и двор, а по судски налог беа направени претреси и во седиштето на Шкотската национална партија.