Досегашниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на СДСМ за истата позиција на овие локални избори, Петре Шилегов, ѝ ја честита победата на Данела Арсовска во директниот дуел за прв човек на Скопје.
„Дозволете ми најпрво да ви честитам на изборот, да ѝ честитам на г-ѓа Арсовска. Благодарност за сите граѓани и активисти кои дадоа поддршка. Благодарност на моето семејство, за екипата со која оставивме неизбришливи траги. Булевари, мостови, улици е нешто што ќе остане засекогаш. Драго ми е што Скопје го оставивме во развој. Ние сме тука понатаму, градот да продолжи да се развива и да не дозволиме да се случуваат силувања на градот како порано“,
изјави Шилегов.
Во краткиот говор, Шилегов наброја некои од изградените проекти, како булевари и паркови. Најважно, според него, е што успеал да го насочи развојот на градот во современ правец.
„На крајот на овој мандат мислам дека успеавме да го свртиме во обратен правец од кој повеќе враќање нема“,
изјави Шилегов.