СДСМ вчера, на седница на Централниот одбор, го избра новото раководство на партијата кое си поднесе оставка по локалните избори. Поранешната министерка за труд и социјална политика и актуелна пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска и Александар Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова година, Божиќ, ќе се заборави….“,
напиша Шилегов.

По ова, тој даде „објаснување“ преку друга објава дека бара оставка од Филипче.
„Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тела. повици за 7 мин.) Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!!!“,
додаде Шилегов.

СДСМ вчера, на седница на Централниот одбор, го избра новото раководство на партијата кое си поднесе оставка по локалните избори. Поранешната министерка за труд и социјална политика и актуелна пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска и Александар Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ.
На функцијата генерален секретар на СДСМ останува Александар Саша Димитријевиќ, а Љупчо Фармаковски како и досега ќе ја извршува функцијата организациски секретар на партијата.
Овој тим, како што рече лидерот на СДСМ, влегува во храбра и одлучна борба против ненародната, криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.
На прашањето зошто тој е единствениот од раководните структури на партијата кој не поднесе оставка по поразот на локалните избори, Филипче во интервју за „360 степени“ во понеделникот рече дека функцијата ја презел неодамна.
„Па добро, гледајте, мојот мандат од четири години започна пред неколку месеци. Севкупниот мандат пред година и пол. Ја затекнав партијата во навистина тешка ситуација, по тежок пораз во којшто голем број од луѓето беа разочарани, летаргични итн. Требаше многу време да се сменат работите, да се разговара со илјадници наши членови и симпатизери. И тоа не е процес којшто може да се случи преку ноќ. Никој не може да очекува дека резултатите ќе дојдат ете така веднаш, дека ќе паднат од небо. Тоа е еден долготраен процес на консолидација којшто вклучува многу активности, којшто има многу различни аспекти. Мојот мандат е четиригодишен…“,
рече тој.
