Петмина биле под дејство на алкохол, а еден возел повеќе од двојно над дозволеното, информира МВР
Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Д.(27) од Битола, откако на улицата „Партизанска“ , при контрола во сообраќајот го сопреле возилото „опел ” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д. и констатитрале дека е под дејство на алкохол, информиира Министерството за внатрешни работи.
„При преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта“,
се наведува во соопштение од МВР.
Како што соопшти МВР, лишени од слобода се и возачи од Кочани и Македонски Брод кај кои е утврдено дека возеле под дејство на алкохол. А во еден случај во Куманово е констатирано дека возачот управувал повеќе од двојно над дозволеното.

„На 24.10.2025 во 15:06 часот на ’Трета македонска ударна бригада’ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода 33-годишната Г.Ф. од Скопје, затоа што при контрола со радар констатирано е дека управувала патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час“,
велат од МВР.
Од МВР посочуваат дека лицата се задржани во полициска станица и по документирање на настаните, против нив ќе следуваат кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
