Во неколку други амбасади на Украина, пак, регистрирани се поинакви случаи, како на пример вандализирање на влезот на дипломатското претставништво во Ватикан, писмо со лажна бомба во Казахстан итн.

Пакети со извадени очи од животни пристигнале во шест украински амбасади во Европа, соопшти украинското Министерство за нардворешни работи (МНР).
Станува збор за „крвави пакети“ односно пратки кои биле натопени со крв. Според информациите од украинското МНР, шесте амбасади каде пристигнале вакви пакети се во: Хрватка, Унгарија, Полска, Австрија, Италија и Холандија.
Засега не е јасно кој е испраќачот или испраќачите.
Пратките доаѓаат откако пред два дена вработен во украинската амбасада во Шпанија беше повредено при експлозија на писмо-бомба.
Портпаролот на украинското МНР, Олек Николенко, во изјавата посочи дека и други случаи, како на пример дека влезот на нивната амбасада во Ватикан бил вандализиран. Украинската амбасада во Казахстан, пак, добила закана со лажна бомба, додека во САД било примено писмо со фотокопија од напис што е критички настроен кон Украина.
„Украина работи со странските надлежни служби за да ги истражи сите закани, да ги идентификува вмешаните и да ги изведе на одговорност“,
вели Николенко.
Тој соопшти дека украинските амбасади и конзулати ги засилиле безбедносните мерки следејќи ги инструкциите од шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, дадени по експлозијата во амбасадата во Мадрид.