Во болниците во земјава се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти
Шест повредени во пожарот во Кочани што беа испратени на лекување во странство денеска се враќаат во државата, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Од нив, пет доѓаат од Србија, а еден од Италија.

„Се враќаат тројца од повредените што се лекуваа во КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград. Еден доаѓа од Италија. Ќе бидат примени во здравствените установи од кои биле испратени согласно повредите“,
се вели во соопштението од ресорното министерство.
Според информациите на МЗ, кај дел од пациентите што се лекуваат во странство има подобрување, но неколкумина се уште се интубирани и се наоѓаат во потешка здравствена состојба.
Во болниците во земјава се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти.
Од Министерството за здравство велат дека ја следат состојбата на повредените пациенти, како и дека се посветени на обезбедување на повредените од несреќата во Кочани.
Од Министерстовото вчера соопштија дека кај двајца пациенти што се хоспитализирани во болницата во Солун има одредено подобрување и од вчера се екстубирани.