Данска, Унгарија, Исланд, Ирска, Норвешка, Полска, Романија, Словенија и Шведска ги укинаа сите мерки за влез на сите патници во земјата, Чешка, Летонија и Холандија ги укинаа ограничувањата само за патниците од земјите на ЕУ и членки на Европската економска област (ЕЕА), додека мерките на заштита од ковид за влез во земјата ги задржаа Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Хрватска, Германија, Грција, Литванија, Малта, Португалија, Словачка и Шпанија
Девет членки на ЕУ и Шенген целосно ги укинаа антиковид мерките за влез во земјата, една го олесни режимот за влез, а останатите ги задржаа мерките за одредени категории патници, објави порталот „Шенгенвисаинфо“.
Данска, Унгарија, Исланд, Ирска, Норвешка, Полска, Романија, Словенија и Шведска ги укинаа сите мерки за влез на сите патници во земјата.
Чешка, Летонија и Холандија ги укинаа ограничувањата само за патниците од земјите на ЕУ и членки на Европската економска област (ЕЕА), пренесува Ал Џезира.
Мерките на заштита од ковид за влез во земјата ги задржаа Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Хрватска, Германија, Грција, Литванија, Малта, Португалија, Словачка и Шпанија.
За да влезете во Австрија, мора да имате и валиден сертификат за вакцинација, за прележан ковид или негативен тест.
Истите правила важат за влез во Белгија, Бугарија, Хрватска, Германија …
Без никакви ограничувања, Кипар ги ослободува вакцинираните лица кои биле заразени со коронавирусот, додека другите патници, доколку нивната земја е на таканаречената зелена листа, можат да влезат со негативен тест, а за оние од земји на црвената листа потребен е дополнителен тест.
Естонија го задржа правилото дека само вакцинирани лица и оние кои биле заразени можат да влезат во земјата без карантин или обврска да бидат тестирани во неа.