Министерската за одбрана и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, вели дека изборната кампања зависи од учесниците, но тие нема да играат со здравјето на граѓаните.
„Во кампањата со целосно почитување на мерките за заштита, ќе се обидеме да допреме до што повеќе луѓе, бидејќи овие избори ќе бидат во сенка на пандемијата“,
рече Шекеринска, во вечерашното гостување на Канал5.
Во врска со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски, Шекеринска рече дека ВМРО-ДПМНЕ не научиле ништо од лекциите од минатото.
„Не се научени лекциите од 27 април и злобата кај опозицијата не е минато, но не е на СДСМ да се меша во тоа, како кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, кога мислеше дека треба да одлучува и за опозицијата“,
рече Шекеринска.
Фокусот на кампањата, додаде, ќе биде што сме наследиле како проблем, што сме решиле, што ќе решаваме во наредните честири години, нашиот став, политики.
„Ја извадивме земјата од впечатокот дека сите избори се фарса, во изминатиот период покажавме дека можеме да организираме фер и демократски избори“,
вели Шекеринска.
