Вонредната состојба не може да се пролонгира во недоглед, а датумот за избори не е прашање на нечии желби.
Оваа денеска го порача вицепремиерката и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска.
„Ниту една демократска држава не може да си дозволи олку долго да функционира без Собрание. Значи, прашањето на датум не е прашање на нечии желби. Прашањето на датум е прашање дали сакаме државата да ни функционира во целосен капацитет“,
изјави денеска Шекеринска.
