На фотографијата се гледаат стотици жители на Енергодар како блокираат руски сили да влезат во градот
Ова е вистинска народна војна за Украина. Путин нема шанси да ја добие, порача украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој на својот профил на Твитер објави фотографија на која се гледаат стотици жители на Енергодар како блокираат руски сили да влезат во градот.
„На оваа фотографија се гледа како цивили вчера ги блокираа руските напаѓачи во Енергодар. Една од стотиците вакви фотографии и видеа. Ни требаат партнери кои ќе ѝ помогнат на Украина да се одбрани. Особено во воздухот. Затвори го небото сега!“,
напиша Кулеба, а пораката да се затвори небото над Украина ја упати до НАТО.
This is a true People’s War for Ukraine. Putin has no chance of winning it. On this photo civilians block Russian invaders in Energodar yesterday. One of hundreds of such photos and videos. We need partners to help Ukraine defend itself. Especially in the air. Close the sky now! pic.twitter.com/Wv2uLMWrD4
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 3, 2022
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави нова видеопорака во која вели дека одбранбените линии на Украина остануваат исти, но дека од ноќеска на полноќ руските сили без престан ги гранатираат украинските градови.