Како што соопшти македонското МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување
Освен со Османи, португалскиот министер Жоао Гомес Кравињо предвидено е да оствари средба и со премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ

фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET
Министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во официјална посета на земјава, утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
Како што соопшти македонското МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.
Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.
Покрај средбата со Османи, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.