„Одделот за разузнавање под моја команда не ја исполни задачата што ни беше доверена. Тој мрачен ден ме следи оттогаш“, напиша тој во писмената оставка објавена од армијата
Шефот на израелското военото разузнавање „Аман“, кој минатата година ја призна одговорноста за неуспесите што му дозволија на Хамас да го нападне Израел на 7 октомври, поднесе оставка, објави израелската војска.
Генерал-мајор Ахарон Халива е еден од неколкуте високи израелски команданти кои признаа дека не успеале да го предвидат и спречат нападот, најлошиот во историјата на Израел.

„Одделот за разузнавање под моја команда не ја исполни задачата што ни беше доверена. Тој мрачен ден ме следи оттогаш“,
напиша тој во писмената оставка објавена од армијата.
Одговорноста по нападот на Хамас ја презедоа и началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-полковник Херзи Халеви и директорот на домашната разузнавачка агенција „Шин Бет“, Ронен Бар, но останаа на функцијата додека трае војната во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од друга страна, засега не ја презеде одговорноста, иако анкетите покажуваат дека повеќето Израелци веруваат дека тој не направил доволно за да го спречи или одбрани нападот.
