Како што е најавено, Вадефул ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а во фокусот на средбите, се очекува да биде напредокот и предизвиците во процесот на проширување на Европската Унија, како и реформите и регионалната стабилност и соработка
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул денеска попладне доаѓа во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од регионот на Западен Балкан.

Како што е најавено, Вадефул ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е предвидено да се одржи билатерална средба на двете делегации.
Шефот на германската дипломатија, тридневната турнеја низ земјите од Западен Балкан ја почна во неделата од Сараево, а вчера престојуваше во Белград, каде оствари средби со претседателот на земјата, Александар Вучиќ си министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со претставници на невладини организации.
Вадефул претходно Црна Гора и Албанија. Во Црна Гора разговараше со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ. Во Албанија, вчера попладне, се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.
Шефот на германската дипломатија во Скопје доаѓа од Приштина, каде што се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.
Германското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и дека тоа го потврдува и турнејата на Вадефул.
Во фокусот на посетата на С Македонија, како што е наведено, ќе биде напредокот и предизвиците во процесот на проширување на Европската Унија, а меѓу темите на дискусија ќе бидат реформите и регионалната стабилност и соработка.
