Малолетникот веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже помош
Шеесет и деветгодишна жена починала, а деветгодишно дете е повредено откако вчера паднале од зграда во скопската населба Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Настанот, како што додаваат од МВР, се случил вчера во 19:40 часот. Малолетникот веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укажува помош.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 3.12.2024 во 19:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С. (69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники ’Мајка Тереза’ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се вели во полицискиот извештај.