Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, и преку социјалните мрежи, по видео-самитот им порача на земјите од Западен Балкан дека треба да продолжат со реформите.
„Партнерите од Западен Балкан мора да останат посветени на спроведување на реформите, добрососедските односи и на нивниот европски пат. Во март, со политичка волја ЕУ ги надмина разликите за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и испратил силна порака до регионот“,
напиша Шарл Мишел на Твитер споделувајќи кратко видео од заедничката прес-конференција со претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, одржана по завршувањето на Самитот.

Тој на прес-конференцијата порача дека е испратена важна порака дека останува цврстиот став на ЕУ дека треба да се продолжи со реформите во владеењето на правото, демократските вредности и во борбата против корупцијата.
„Тие теми се важни затоа што се во корист на граѓаните и придонесуваат кон зајакнување на партнерството на Унијата и Западен Балкан“,
рече Мишел.