Следниот мандат на 46-годишниот поранешен белгиски премиер ќе започне на 1 јуни и ќе трае до крајот на ноември 2024 година
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е едногласно реизбран за втор мандат на денешниот состанок на лидерите на ЕУ.
Следниот 2,5 -годишен мандат на 46-годишниот поранешен белгиски премиер ќе започне на 1 јуни и ќе трае до крајот на ноември 2024 година, се вели во соопштението на Европскиот совет .
Како претседател на Европскиот совет, главната улога на Мишел е да претседава со самитите на националните лидери на ЕУ и да ја координира работата на телото.
Мишел, кој е претседател на Европскиот совет од 1 декември 2019 година, нема право на трет мандат.

Според тројца официјални претставници, одлуката за реизбор на Мишел била едногласна. Сметан за близок до францускиот претседател, Емануел Макрон, претставниците на ЕУ и дипломатите нашироко очекуваа Мишел да обезбеди уште еден мандат. Неговиот реизбор се случи непосредно пред американскиот претседател Џо Бајден да им се придружи на лидерите на ЕУ на нивниот состанок во Брисел, по самитот на НАТО, исто така, одржан во белгискиот главен град, објави „Политико“.
„Дојдов да му честитам на човекот кој штотуку беше реизбран без опозиција. Би сонувал за тоа еден ден“,
се пошегува Бајден, стоејќи до Мишел, при пристигнувањето на собирот на ЕУ.