Американските универзитети ја задржаа својата доминација на врвот на списокот во Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.
Осумнаесетта година по ред, американскиот универзитет Харвард е неприкосновен на врвот на таа листа составена од независната консултантска агенција Шангај Ранкинг консултанс.

Универзитетите Стенфорд и Беркли се на второ и четврто место, додека на третото место е Кембриџ.
Шангајската листа се објавува од 2003 година, каде според шест критериуми се рангираат 500 универзитети од 1 200 регистрирани ширум светот.
Критериумите вклучуваат: број на добитници на Нобелова награда меѓу поранеши студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во нивните дисциплини и број на публикации во специјализираните списанија Science и Nature.
Македонските универзитети ни годинава не се најдоа на оваа листа, а ист е случајот и со универзитетите од Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Од регионот, Грција има 6 универзитети меѓу најдобрите 1 000, додека Србија и Хрватска по еден.
