Да оставиме на историчарите да решаваат за тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале Бугари или нешто друго, но се прашувам каква врска има тоа со подобрување на животот на граѓаните на Бугарија и на Македонија, вели Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“, коментирајќи ги прашањата кои се појавија како препреки во односите меѓу двете држави.
На прашање од МИА дали ЕУ и Вашингтон треба да дозволат позицијата на Софија за јазикот и историјата да стане услов за влез на Северна Македонија во ЕУ, Сервер, кој е професор по напредни меѓународни студии во реномиранот вашингтонски универзитет, вели:
„Само луѓето несигурни во својот идентитет водат грижа за идентитетот“,
изјави Сервер за МИА.
