До утрово нема информации дека некаде има значителна материјална штета, а според информациите на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, таа можела да биде предизвикана во епицентралното подрачје
По овој земјотрес, според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, во Црна Гора се регистрирани уште неколку земјотреси, а последниот е регистриран утрово во 07:05 часот по локално време на 15 километри североисточно од Билеќа, Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 04:06 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC)
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 76 километри северозападно од Подгорица и на 32 километри северозападно од Никшиќ.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Инаку, земјотресот во Црна Гора е почувствуван и во делови од С Македонија.
❗Update: #Earthquake (#zemljotres, #земљотрес) M5.3 occurred 23 km NE of #Bileća (Bosnia & Herzegovina) 35 min ago (local time 04:06:48). Info at:
— EMSC (@LastQuake) March 14, 2024
?https://t.co/IbUfG7TFOL
?https://t.co/vo6I66iVTF
?https://t.co/3atl0Tacin pic.twitter.com/TEsSbULrLs
До утрово нема информации дека некаде има значителна материјална штета, а според информациите на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, таа можела да биде предизвикана во епицентралното подрачје.
„Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика одредена материјална штета во епицентралното подрачје“,
се посочува во соопштението на Заводот.
Според информациите од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, интензитетот на земјотресот во епицентарот бил меѓу седум и осум степени по Меркалиевата скала.
На социјалните мрежи од целиот регион објавија дека го почувствувале земјотресот.
По овој земјотрес, според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, во Црна Гора се регистрирани уште неколку земјотреси со јачина од 2,5 до 3,1 степен според Рихтеровата скала.
Последниот земјотрес, според ЕМСЦ, е регистриран во 07:05 часот по локално време на 15 километри североисточно од Билеќа, Босна и Херцеговина.
Неколку минути по првиот земјотресот во Црна Гора, односно во 04:14 минути утрово, потрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала имало и во Босна и Херцеговина, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот бил на 49 километри југоисточно од Мостар и на 28 километри северозападно од Билеќа.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.