Во 22:17 часот е регистриран земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала
Неколку земјотреси се почувствувани вечерва во близина на Гостивар и Маврово. Потресите ги почувствуваа и жителите на Скопје.
Во 22:17 часот е регистриран земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.
Претходно, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа вечерва во 20 часот и 40 минути, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
