Транснистрија е регион кој лежи помеѓу Украина и Молдавија. Прогласи независност на 2 септември во 1990, а две години подоцна во регионот беа распоредени руски мировни сили. Откако Русија ја почна инвазијата врз Украина во февруари се зголемија шпекулациите дека Москва има за цел да ја презеде контролата врз оваа територија. Во април тензиите се зголемија по сериоја на експлозии во Транснистрија, регион во кој живеат околу 470.000 луѓе
Сепаратистичкиот регион Транснистрија би можел да се отцепи од Молдавија и да се обедини со Русија. Тамошниот министер за надворешни работи вели дека неодамнешното добивање на кандидатски статус со Европската Унија става крај на секаква можност за соработка.
Виталиј Игнатјев, шеф на дипломатијата во непризнатата влада изјави дека Транснистрија ќе продолжи кон исполнување на целите поставени со референдумот во 2006 година кога речиси 100 отсто од гласачите поддржаа независност од Молдавија и евентулано соединување со Русија. Референдумот беше прогласен за нелегитимен дома, но и од страна на меѓународната заедница.

„Откако доби статус на кандидат за членство во ЕУ Молдавија помина одреден Рубикон“,
рече Игнатјев, додавајќи дека тоа ставило крај на прашањето за градење политички односи бидејќи одлуката била донесена единствено од молдавското раководство, а не колективно.
Транснистрија е регион кој лежи помеѓу Украина и Молдавија. Прогласи независност на 2 септември во 1990, а две години подоцна во регионот беа распоредени руски мировни сили. Откако Русија ја почна инвазијата врз Украина во февруари се зголемија шпекулациите дека Москва има за цел да ја презеде контролата врз оваа територија. Во април тензиите се зголемија по серија на експлозии во Транснистрија, регион во кој живеат околу 470.000 луѓе.

Според уставното уредување, Молдавија е неутрална држава и поради тоа не може да стане членка на НАТО, но покажува растечка западна ориентација.