Вчера неговата номинација беше потврдена во американскиот Сенат, кој е под контрола на републиканците, со 53 гласа „за“ и 45 „против“. Оз, кој има 64 години, е хирург кој се прославил во раните 2000-ти години во шоуто на Опра Винфри. Неговите пристапи кон здравјето постојано беа под лупа на јавноста
Мехмет Оз, познат лекар и поранешен ТВ-водител, е потврден во американскиот Сенат за нов шеф на агенцијата која ја надгледува здравствената заштита на милиони Американци, јавува Би-би-си.
Оз, кој никогаш немал јавна функција, минатата година беше избран за оваа позиција од страна на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и го назначи за директор на центрите за Медикер и Медикејд услуги (ЦМС).

Вчера неговата номинација беше потврдена во американскиот Сенат, кој е под контрола на републиканците, со 53 гласа „за“ и 45 „против“. Оз, кој има 64 години, е хирург и се прославил во раните 2000-ти години во шоуто на Опра Винфри. Неговите пристапи кон здравјето постојано беа под лупа на јавноста.
Тој претходно беше критикуван од здравствените работници за промовирање , според нив, лоши совети за лековите за слабеење и „чудесните лекови“, како и за тврдењето на почетокот на пандемијата дека лековите за маларија може да се користат за лекување на ковид-19.
Откако го назначи Оз на чело на ЦМС, Трамп рече дека можеби нема лекар поквалификуван и поспособен да ја направи Америка повторно здрава.
Оз тесно ќе соработува со Кенеди
Во пресрет на инаугурацијата, тимот на Трамп објави дека Оз тесно ќе соработува со американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор за да се спротивстави на „индустрискиот комплекс на болести“.
ЦМС управува со најголемите програми за здравствена заштита во САД и обезбедува здравствена покриеност за околу половина од Американците. Исто така, го регулира здравственото осигурување и утврдува политики кои ги одредуваат цените што ги добиваат лекарите, болниците и фармацевтските компании за дадените медицински услуги.
Според податоците од Канцеларијата за буџет на Конгресот, американската влада потрошила повеќе од 1,4 билион долари на Медикер и Медикејд во 2023 година. Од 2009 до 2022 година, Оз беше домаќин на шоуто „Д-р Оз“, каде што на гледачите им даваше здравствени совети.
Демократите го сомничат за затајување данок
Но, тој беше критикуван затоа што препорачува хомеопатија, алтернативна медицина и други методи кои критичарите ги опишаа како псевдонаука.
Демократите претходно тврдеа дека прегледот на неговите финансиски извештаи сугерирал дека Оз можеби не платил 403 739 долари даноци на Медикер за повеќе од 10 милиони американски долари приход од неговата медиумска компанија помеѓу 2021 и 2023 година.