Во фејсбук-објава на страната Здружението на граѓани „16 март 2025“, семејствата од Кочани порачаа дека им стојат на располагање на родителите на жртвите од пожарот во Швајцарија – пред сè со разбирање, поддршка и сочувство, додавајќи дека во вакви моменти единствено што има вистинска вредност се човечноста, солидарноста и подадената рака
Родителите на загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани изразија сочувство до семејствата на жртвите во пожарот што избувна во бар во скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија за време на новогодишната ноќ, а во кој загинаа околу 40 лица. Им порачаа дека не се сами и дека со скршено срце ја примиле веста за трагедијата.

„Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина – во моментот кога животот засекогаш се подели на ‘пред’ и ‘потоа’. Знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок. Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите што ја носат оваа незамислива болка. Од срце сме со вас – не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана“,
порача родителите на загинатите во „Пулс“.
Во фејсбук-објава на страната „Здружение на граѓани 16 март 2025“, семејствата од Кочани порачаа дека им стојат на располагање на родителите на жртвите од пожарот во Швајцарија – пред сè со разбирање, поддршка и сочувство, додавајќи дека во вакви моменти единствено што има вистинска вредност се човечноста, солидарноста и подадената рака.
Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот што избувна во бар во скијачкиот центар Кран-Монтана за време на новогодишната ноќ, во кој загинаа околу 40 лица, а повеќе од 115 се повредени. Според наводите во локалните медиуми, повеќето од гостите во барот биле на возраст од 15 до 20 години.
