
Полицијата пронашла четири безживотни тела во семејна куќа во центарот на Лесковац, објави РТС. Се работи за маж, бремена жена и две деца.
Српските медиуми пишуваат дека приведено е машко лице кое живеело со нив во куќата. Најверојатно, се работи за братот на починатиот маж.
Во моментот полицијата врши увид во куќата на убиеното семејство.