Антизападниот сентимент постои кај радикални групи кои радикализмот го градат врз верските толкувања, вели Сефер Селими, основач и директор на Democracy Lab
Битката со информации создава коалиции кои се нетипични, вели аналитичарот Сефер Селими, прашан во „360 степени“ на ТВ Алсат дали во актуелниот контекст руската пропаганда е фокусирана исклучиво на етничките Македонци или таргет се и етничките Албанци.
„Непријателот на мојот непријател е мој пријател. Антизападниот сентимент постои кај радикални групи кои радикализмот го градат врз верските толкувања. Кај тие групи, во кои се тврди дека Западот или ЕУ и овие вредности кои тврдиме дека сакаме да ги донесеме кај нас како држава, се косат со толкувањата и сфаќањата кои ги имаат овие радикални групи“,
вели Селими.
Тој смета дека, сепак, на европско тло и во земјава доминира нарацијата на Западот.
„Украинците направија одлична работа во известувањето од лице место и успеваат нивните извештаи да доминираат за да не известат што се случува реално. Имаме предност кај прозападните медиуми, но не треба да заборавиме дека во нашиот фокус не се азиските, африканските земји каде руското присуство и проруската нарација имаат поголема доминација отколку на земјите од ЕУ“,
рече Селими.