Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја прифаќа поканата на премиерот Зоран Заев и ќе учествува на лидерската средба во петок. Од неговиот Кабинет велат дека ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.
„Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира“,
се вели во соопштението од Кабинетот на Села.