Кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Идри Истрефи, рече дека на овие локални избори ќе заминат оние кои во Струга граделе каде што сакале, демолирале колку што сакале и ја користеле општината за свадби и забави
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, е убеден дека на локалните избори кандидатот за градоначалник на Струга од неговата коалиција, Идри Истрефи, ќе победи уште во прв круг и ќе ги испратат ДУИ и актуелниот градоначалник, Рамиз Мерко во опозиција.
Како што рече Села, само победа во првиот круг тие го сметаат за чиста победа.

„Освен зборови, тие не знаеја да донесат ништо друго, ниту за стружани, ниту за граѓаните воопшто. Тие имаат само зборови што не можам да ви ги нарекувам поинаку, лаги. Со лаги дојдоа порано, продолжуваат да кажуваат лаги ден и ноќ“,
рече Села.
Коалицискиот партнер, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, ја обвини ДУИ за манипулации на сите избори, но на овие смета дека на интегративците ќе им се испрати јасна порака дека претерале.
„Мислам дека на 17 октомври треба да испратиме порака дека веќе претерале, изнудија и уценија многу, ги оставија општините неразвиени и ги деградираа образованието и културата, ни ги истераа младите во странство и крајно време е да ги казниме со нашите гласови“,
рече Гаши.
Кандидатот Идри Истрефи, пак, рече дека на овие 17 октомври изборот за стружани е јасен – или Струга или двојката Рамиз Мерко-Арменд Кадриу.

„Струга не е и не може да биде сопственост на никого. Струга им припаѓа само на стружани и на Господ. Јасно го научија ова тие што мислеа дека Струга е наследена од вујко им или дедо им. Оние што градеа каде што сакаа, демолираа колку што сакаа, ја користеа општината за свадби и забави и во никој случај не беа служба на граѓанинот“,
рече Истрефи.