Покрај задолжителниот тест пред тргнување, ќе се воведе и задолжително тестирање со ПЦР на аеродромот при влез во земјата
Секој доаѓа во Канада мора да помине две недели во карантин во хотел на свој трошок, соопшти денеска премиерот на Канада, Џастин Трудо, најавувајќи воведување на построги мерки против ширењето на коронавирусот.
Меѓу останатите мерки е и прекин на воздушниот сообраќај кон Мексико и сите дестинации кон Карибите до 30 април.
Трудо рече дека Канада, покрај задолжителниот тест пред тргнување, ќе воведе и задолжително тестирање со ПЦР на аеродромот за оние кои се враќаат во Канада.
„Патниците потоа ќе мора да ги чекаат резултатите (тестовите) до три дена во хотел, на свој трошок, што се очекува да ги чини повеќе од 2 000 американски долари“, рече Трудо.
Оние со негативен резултат ќе можат да бидат дома во карантин, „со значително зголемен надзор“.
Оние со позитивен тест веднаш ќе одат во карантин во одредени владини установи за да се спреч ширење.
Од следната недела сите меѓународни патнички авиони ќе можат да слетаат само на аеродромите во Ванкувер, Торонто, Калгари и Монтреал.
Одлуката за воведување на задолжителен карантин во хотел на сметка на повратниците во земјата има за цел да ги обесхрабри граѓаните да патуваат во странство.