Според американскиот претседател, блокадата ќе започне набрзо, а и други земји ќе биле вклучени во неа. Тој порача дека на Иран нема да му биде дозволено, како што вели, да профитира од овој незаконски чин на изнуда велејќи дека Иран сака пари и нуклеарно оружје

Состанокот помина добро, повеќето точки беа договорени, но единствената точка што беше навистина важна, нуклеарната, не беше договорена. Ова го објави на својата социјална мрежа Трут Соушл американскиот претседател Доналд Трамп откако не успеаја преговорите за прекин на војната на Блискиот Исток меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во пакистанскиот главен град Исламабад.
Иако досега Ормутскиот Теснец, кој е една од најважните точки во разговорите, го блокираше Иран, сега Трамп најави негова блокада од САД.
„Морнарицата на САД, најдобрата во светот, ќе започне со процесот на блокада на сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Ормутскиот Теснец. Во одреден момент ќе го дистогнеме ова ниво – ‘На сите им е дозволено да влезат и на сите им е дозволено да излезат’, но Иран не дозволи тоа да се случи само велејќи – ‘Можеби има мина некаде таму’, за која никој не знае освен нив. Ова е светска уцена, а лидерите на земјите, особено на САД, никогаш нема да бидат изнудувани“,
напиша Трамп.
Трамп напиша дека ѝ наложил на морнарица да ги пронајде и пресретне сите пловила во меѓународните води што му платиле давачка на Иран.
„Никој што плаќа незаконска давачка нема да има безбеден премин на отворено море. Исто така, ќе започнеме со уништување на мините што Иранците ги поставија во теснецот. Секој Иранец што ќе пука во нас или во мирни пловила, ќе биде испратен право во пеколот. Иран знае, подобро од кој било, како да ја кулминира оваа ситуација што веќе ја опустоши нивната земја. Нивната морнарица ја нема, нивните воздухопловни сили ги нема, нивната противвоздушна одбрана и радари се бескорисни, Хомеини и повеќето од нивните водачи се мртви, а сето тоа поради нивната нуклеарна амбиција“,
вели Трамп.
Според американскиот претседател, блокадата ќе започне набрзо, а и други земји ќе биле вклучени во неа. Тој порача дека на Иран нема да му биде дозволено, како што вели, да профитира од овој незаконски чин на изнуда велејќи дека Иран сака пари и нуклеарно оружје. Трамп порача – ние сме целосно подготвени и наполнети.
Инаку, и покрај маратонските преговори, што продолжија до доцна во ноќта во Исламабад, САД и Иран не успеаја да постигнат договор за завршување на конфликтот и за отворените прашања меѓу двете земји.
