Службите за итни случаи се обиделе да го спасат животот на детето, но судскиот вештак на округот Џексон на крајот констатирал смрт на детето
Седумгодишно момче застрелало и убило петгодишно дете во дом во источниот дел на Кентаки, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува и дека досегашната истрага укажува дека пукањето, кое било пријавено во понеделникот вечерта во дом во градот Мекки, било случајно.
Службите за итни случаи се обиделе да го спасат животот на детето, но судскиот вештак на округот Џексон на крајот констатирал смрт на детето, јавува Асошиејтед прес. Полицијата соопшти дека истрагата продолжува, а не сакаше да го соопшти идентитетот на инволвираните во инцидентот. Непрофитната организација „Секој град за безбедност на оружјето“ (Everytown for Gun Safety) објави дека имало повеќе од 150 инциденти во САД оваа година во кои деца биле застрелани ненамерно.
Овие инциденти резултираа со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден. Кентаки нема закони кои дозволуваат казнување на оние кои оставаат огнено оружје без надзор. Сепак, сојузната држава забранува секој „намерно, свесно или непромислено“ да дава пиштол на малолетно лице, освен ако на малолетникот законски не му е дозволено да го поседува пиштолот.