Претходно утрината, во 6:05 часот било пријавено дека 75-годишникот се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми
Седумдесет и петгодишен маж У.Д. од струшкото село Ливада утринава починал по удар од камион на магистралниот пат Подмоље –Струга. Несреќата се случила рано утринава околу 6:30 часот кога товарно возило „ман“ управувано од А. А. (52) од Албанија удрило во пешакот, кој од здобиените повреди починал на самото место.

„Лекар од Итната медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга“,
информираат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претходно утрината, во 6:05 часот било пријавено дека 75-годишникот се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.
