По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на З. С., која починала на самото место, е дадено на обдукција
Седумдесет и двегодишна жителка на Кичево настрадала во пожар што доцна синоќа избувнал во нејзиниот стан во градот, соопштија утрово од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Како што информираат оттаму, синоќа во 23:32 часот во кичевската полиција било пријавено дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“, сопственост на З. С.(72).
Од здобиените повреди, жената починала на самото место, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.
Екипа на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево и јавен обвинител извршиле увид на местото, што треба да ги даде првичните насоки за утврдување на причините за пожарот.
По наредба на надлежниот јавен обвинител, телото на почината З. С. било дадено на обдукција, додаваат од СВР Охрид.