Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека инцидентот се случил синоќа околу 2 часот и пет минути
Седум возила се оштетени во експлозија доцна синоќа во Битола, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека околу два часот по полноќ во СВР Битола било пријавено дека од страна на непознато лице била фрлена експлозивна направа на улицата „Охридска“ во Битола при што биле оштетени автомобилите кои биле паркирани на улицата.
„Биле оштетени паркирани патнички возила „фолксваген”, „бе-ем-ве”, „тојота”, „киа”, „рено”, „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки“,
велат од МВР.
Покрај возилата, оштетени се и прозорци и врати од околните куќи. Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Битола и екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.