Од клиниката „Жан Митрев“ нема да партиципираат во тоа, бидејќи оттаму рекле дека голем број од лекарите кај нив се на боледување
Филипче рече дека засега нема да се ставаат во функција капацитетите на приватните болници, бидејќи во моментов има доволно болнички кревети
Пет лекари од „Аџибадем-Систина“ и двајца од „Ремедика“ ќе бидат вклучени во системот на ротација за грижа на ковид-пациентите сместени во клиниките од јавното здравство, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Од клиниката „Жан Митрев“ нема да партиципираат во тоа, бидејќи оттаму рекле дека голем број од лекарите кај нив се на боледување.
Филипче рече дека засега нема да се ставаат во функција капацитетите од приватните болници, бидејќи капацитетите се доволни.
На прашањето дали е можно пациентите од други болести да се праќаат во приватните болници, во улови кога речиси сите клиники станаа ковид-центри, Филипче рече дека јавното здравство може да ги прими сите оние што имаат итна потреба, а се одложуваат само оние кај кои тоа нема да предизвика влошување.
Во однос на цените во приватните клиники, Филипче најави дека оваа недела ќе имаа средба за тоа и додаде дека никој што побарал помош во јавното здравство не бил препратен за да бара услуга во приватните.