Договорот беше ратификуван во Собранието на Македонија осум месеци по потпишувањето, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година
На денешен ден пред седум години Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција.

Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција го призна македонскиот јазик и македонската националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција.
Договорот го потпишаа тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, во присуство на македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас. На потпишувањето присутни беа и поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.
Договорот беше ратификуван во Собранието на Македонија осум месеци по потпишувањето, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година.
Преспанскиот договор резултираше со смена на името на државата во Република Северна Македонија, државјанството во македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски. По ова, земјата стана 30. членка на НАТО.