Според информациите што ги објавија српските медиуми, по налог на Вишото јавно обвинителство, момчето било одведено на разговор во полиција
Ученик од седмо одделение во основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Белград вчера, за време на попладневната смена во училиштето донел нож, заканувајќи им се на учениците дека ќе направи „нов Рибникар“.
Инаку, „Владислав Рибникар“ е белградското училиште во кое на 3 мај пред две години момче со огнено оружје усмрти десет лица – девет ученици и чуварот на училиштето.

Директорот на училиштето и полицијата се информирани за случајот. Според информациите што ги објавија српските медиуми, по налог на Вишото јавно обвинителство, момчето било одведено на разговор во полиција.
Истрагата за случајот е во тек.
Поради инцидентот, некои родители денеска не ги испратиле своите деца на училиште.