На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијаата и јавен обвинител од ОЈО Струмица

Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.
Како што информираат оттаму, пожарот избувнал во стан на 4 кат во колективна станбена зграда, а во гаснењето учествувале три противпожарни возила и седум пожарникари.
„Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани“,
се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.
На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијаата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.