Најмалку пет пациенти со ковид-19 загинале во пожар во болница во Санкт Петербург.
Пожарот настанал од краток спој на еден од респираторите на одделот за интензивна нега, јавија руските новински агенции. Сите загинати биле приклучени на респиратор.
„Респираторите се преоптоварени и тоа довело до краток спој кај една од машините“,
посочија од болницата.
Засега не е познат бројот на повредени во пожарот, поради кој биле евакуирани повеќе од 150 луѓе од болницата.
Инаку, Русија од вчера е трета земја во светот според бројот на регистрирани случаи на коронавирус. Во земјата вчера беа регистрирани рекордни 11 656 нови случаи на вирусот, најмногу во еден ден досега.
Сепак, властите најавија олабавување на рестрикциите против вирусот и враќање на нормалното темпо на живот.