Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето биле брзо евакуирани. Шеесет противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот, соопшти противпожарната служба
Голем пожар избувна денеска во осумкатна зграда во Париз, а околу 180 пожарникари се обидуваат да го стават пламенот под контрола, објавија француските медиуми.

Како што објави телевизиската станица Бфм, според првичните информации, никој не е повреден во пожарот.
Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето биле брзо евакуирани. Шеесет противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот, соопшти противпожарната служба.
Градската администрација информира дека пожарот избувнал во зграда наречена „Месиже“ на улицата Шарол.
„Пожарникарите се на местото на настанот и се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Ве молиме да ја избегнувате оваа област“,
соопштија градските власти.
Членот на градскиот совет Емануел Грегоар, им се заблагодари на пожарникарите и другите служби за итни случаи за нивниот брз одговор.
Грегоар, кој се кандидира за градоначалник на Париз, додаде дека пожарот избувнал во зграда во изградба. Зградата требало да биде завршена во октомври.