Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати
Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час. Во инцидентот нема ни жртви ни повредени, велат од СВР Струмица за МИА.
Според полицијата автомобилот се запалил во 19:16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во целосен прекин. Според Трајанова, од 20:10 сообраќајот повторно е нормализиран.
Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.