Оттаму додаваат и дека во расветлување во случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции
Сериозен технички проблем е причината што Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера не ги емитуваше телевизиските дневници во 17, 19:30 и во 22:30 часот.
Ова е официјалното соопштение од МРТ за вчерашното неемитување на дневникот во 17 часот, на централниот дневник во 19:30 часот, на една предвидена дебатна емисија, а потоа и дневникот во 22:30 часот.

„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија“,
се вели во соопштението на МРТ.
Оттаму додаваат и дека во расветлувањето во случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.
Од јавниот сервис им се извинуваат на граѓаните за неможноста вчера да ги следат централните информативни изданија на програмата.
МРТ, се вели во соопштението, ќе продолжи да известува навремено и објективно во интерес на јавноста.