Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека досега во нападот на Харков утринава загинало едно лице, а тројца се повредени
Во ракетирањето на центарот на Харков повредени се шест лица, од кои едно е дете, а бројката на загинати се утврдува, соопшти Државната служба за вонредни состојби.
Украинските медиуми јавуваат дека е изгаснат пожарот што по нападот се појави на покривот од зградата на операта.
Шефот на регионалната државна управа во Харков, Олег Синегубов, изјави дека центарот на Харков и станбените квартови беа нападнати со системите „Град“ и крстосувачки ракети. Од нив, додаде тој, зафатени беа плоштадот во центарот на градот, каде што се наоѓа и зградата на подрачната државна управа.
Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека во нападот на Харков утринава загинало едно лице, а тројца се повредени.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеб, повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по, како што рече, „варварскиот“ напад на градот Харков.
„Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад на слободата и станбените области на Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Од бес, тој врши повеќе воени злосторства убивајќи невини цивили. Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, целосно изолирајте ја Русија“,
напиша Кулеба на Твитер објавувајќи видео од нападот.