Екипи на СВР Битола извршија увид на местото на настанот, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила
Стара и руинирана куќа во центарот на Битола попладнево околу 14 часот се урна и оштети неколку паркирани возила во непосредна близина. Куќата, која е во приватна сопственост, е лоцирана зад станбен комплекс, кај битолчани познат како зградата кај ЈАТ, чиј простор се користи како паркинг.

Во инцидентот нема повредени, а причинета е само материјална штета. Екипи на СВР Битола извршија увид на местото на настанот, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.
Според наводите кои ги објави битолскиот портал Алпа.мк, куќата што се урна е во сопственост на познати битолски бизнисмени од градот што работат и угостителство.
