Италијанското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор во Рим, Алексеј Парамонов за да му упати официјална протестна нота поради изјавите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која овој инцидент во Рим го поврза со италијанската воена поддршка за Украина
Дел од средновековната кула „Торе деи Конти“, која се наоѓа во центарот на Рим во близина на Колосеумот и Римскиот форум, се урна утрово, при што еден работник остана заробен, а друг е сериозно повреден.

Четири други работници претходно се спасени и се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Според префектот на Рим, Ламберто Џанини, ситуацијата се смета за многу сложена, бидејќи еден работник сè уште е заробен под урнатините.
„Човекот е свесен и комуницира со спасувачите“,
рече Џанини.
„Торе деи Конти“, е кула висока 29 метри, која со години е затворена за јавноста и е во процес на реновирање и конзервација. За време на спасувачката операција, се урна втор, помал дел од кулата, при што тулите летаа, создавајќи голем облак од прашина.Тогаш, пожарникарите накратко ја прекинаа операцијата, но потоа ја продолжија потрагата по работникот што е заглавен под урнатините во кулата.
Una porzione della storica Torre dei Conti, situata in Largo Corrado Ricci nei pressi dei Fori Imperiali a Roma, è crollata questa mattina durante i lavori di ristrutturazione.
— La Sicilia (@lasiciliait) November 3, 2025
Fortunatamente non risultano persone coinvolte sotto le macerie, mentre l’area è stata messa in… pic.twitter.com/98ox69K4IS
Италијанското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор во Рим, Алексеј Парамонов за да му упати официјална протеестна нота поради изјавите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, насочени за уривањето на дел од историската кула.
Захарова во порака објавена на нејзниот канал на Телеграм, овој инцидент во Рим го поврза со италијанската воена поддршка за Украина.
„Се додека италијанската влада бесмислеено ги троши парите на даночните обврзници, Италија ќе се урива, од нејзината економија до кулите“,
рече таа.
Посочи дека според нивните извори, Италија досега издвоила 2,5 милијарди евра за помош и воени придонеси за Киев.
Италија ги оцени изјавите на Захарова како срамни и загрижувачки.
