Се уриваат дел од бараките од студентскиот дом познат како „Медицинар“ во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Рушењето е за да се подобри пристапот до Инфективната клиника.
За градежни активности во Клиничниот центар денеска информираше и министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека се прави уште една лента на главниот влез за возила на Итната медицинска помош кон Ургентниот центар, како и нова улица пред Клиниката за инфективни болести, за подобар пристап.

