СДСМ возвраќа со контраобвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ околу притисоците врз пратеници и порачува народните избраници да бидат спокојни бидејќи државата и институциите ќе ги заштитат од заканите на опозицијата
Притисоци уцени и закани кон граѓани и кон пратеници се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, возвраќаат од СДСМ на обвинувањата на опозициската партија дека Зоран Заев прави притисоци во пресрет на гласањето за недоверба на Владата во Собранието.
Од владејачката партија велат дека тоа се лажни вести креирани од „белата палата“, па прашуваат дали вака Христијан Мицкоски бара алиби за „стопеното“ мнозинство.
„Пратеници од опозицијата јавно преку медиуми сведочеа дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата биле собирани преку лаги и измами, што само покажува дека нема поголем измамник од Христијан Мицкоски. Дали на Мицкоски му се стопи мнозинството, па затоа е приморан преку лажни вести од Белиот дворец да бара алиби? Притисоци уцени и закани кон граѓаните, кон пратеници се одлика на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа беа заканите и малтретирањата на пратениците кои гласаа за уставните измени. Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите, ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци и овој пат нема да успеат“,
велат од СДСМ.