Од СВР Велес велат дека по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

Една 31-годишна жена од Неготино е повредена во тепачка што рано утринава се случила во овој град.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, по тепачката се приведени уште три други неготинки што учествувале во пресметката.
Физичката пресметка, велат од СВР Велес, се случила денеска два часа по полноќ на улицата „Даме Груев“ во Неготино.
Се пресметувале 34-годишната Б. Џ. и 31-годишната С. Д., од една, и 26-годишната С. К. и 31-годишната Д. Б., од друга страна.
Повредената Д. Б. била пренесена во медицинска установа, каде што ѝ биле констатирани повредите.
Од СВР Велес велат дека по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
